еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството поведе постапка кон напаѓачот на екипата на ТВ Алсат

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лицето кое вчера ја нападна новинарската екипа на ТВ Алсат во Скопската чаршија.

Како што информираат од Обвинителството, лицето е осомничено дека сторило кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот 53-годишник, на 21 август, во Старата скопска чаршија, најпрвин упатил закани и навреди, а потоа и физички нападнал новинарска екипа на Телевизија Алсат-М.

Со тупаници го удрил снимателот по главата и телото, а кај двете новинарки предизвикал чувство на вознемиреност и страв. Во насока на целосно расчистување и документирање на настанот, по наредба на јавен обвинител, обезбедени се снимки од видео надзор од околните објекти, стои во соопштението од ЈО.

Дополнуваат дека јавен обвинител до судијата на претходна постапка ќе достави предлог за определување мерки на претпазливост – привремено одземање на патната исправа на осомниченото лице, како и забрана за остварување контакти со сведоците и со оштетениот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен напаѓачот на снимателот и новинарите на ТВ Алсат

Без причина нападнати новинари и повреден снимател од ТВ Алсат, ЗНМ бара МВР итно да реагира

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави плати ќе земат обвинителите и што ќе се случи со вработените од СЈО: Што пишува во предлог-законот за „новото СЈО“

Редакција

(Фото) Мотоциклист од Македонија загина во сообраќајна несреќа помеѓу Подгорица и Цетиње

Редакција

Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во затворот во Шутка

Редакција