еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Една третина од пријавните попишувачи се вакцинирани, а половина од останатите би се вакцинирале, вели директорот на Државниот завод за статистика Симовски

Не сме институцијата што може да каже дека се одложува или не пописот. Ние имаме Закон за попис и единствена институција што може да каже такво нешто е Собранието, каде што треба да се направи измена на законот, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, во гостувањето на телевизија Канал 5.

Државниот завод за статистика, нагласи Симовски, стои на тоа дека може да го спроведе попсиот и дека сите граѓани ќе бидат безбедени, бидејќи ќе се применуваат сите мерки предложени од Комисијата за борба против заразни болести.

-Ќе ги почитуваме до максимум и во некои ситуации ќе одиме и над тоа. Примарно, ако сме на отворен простор, секој наш учесник нема никогаш да биде без маска и ќе инсистира и домаќинството да носи маска додека трае попишувањето.

Второ, имаме посебни протоколи за таму каде што има заболени или лица во изолација. Имаме доволен период и да почекаме да излезат од таква состојба, па да направиме попис како што треба, а ако тоа не е можно има протокол како тоа да се направи со носење скафандер, ракавици и друга опрема, појасни Симовски.

Во однос на попишувачите, Симовски, нагласи дека една третина од пријавните веќе биле вакцинирани, а половина од останатите, рече дека би се вакцинирале, доколку им биде организирана вакцинација.

-Уште три дена имаме за пријавување и пријавувањето на нови кандидати, оди доста интензивно. За овој краток период имаме над 1.250 пријавени нови кандидати. На новото тестирање, кое ќе биде објавено, ќе имаат право да учествуваат и тие што биле пријавени на претходниот конкурс, а не дошле на тестирање од која било причина. Очекувам дека ќе имаме доволен број кандидати, изјави Симовски.

За методологијата, Симовски рече, дека таа е целосно прифатена од Евростат, кои излегле со изјава дека нашата методологија е комплетно усогласена со стандардите на Евростат и ОН.

Во однос на можноста за бојкот, Симовски нагласи, дека пописот не е само право, туку и законска обврска на сите граѓани.

-Ако некој одбие да биде попишан, а сите протоколи се испочитувани, тогаш ќе сноси последици. Законот предвидува прекршочна одговорност и тука нема пардон за никого, рече Симовски.

За тоа дали граѓаните од Авганистан, кои треба да пристигнат во земјава, ќе бидат попишани и ќе влезат во статистиката, Симовски рече не и нагласи дека има посебен протокол за азиланти и бегалци.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за насилството во Собрание

Редакција

На Инфективна клиника капацитетот е речиси исполнет, на помош пристигаат здравствени работници од неколку градови

Редакција

60-годишен македонски државјанин починал од срцев удар на граничниот премин „Прешево“

Редакција