Смртноста кај невакцинираните од вакцинираните против Ковид-19 е драстично поголема, покажува анализата на Министерство за здравство, која се однесува на периодот од 6 август до 23 септември.
„За овој период на територија на државата починале 1.033 лица со Ковид 19, 888 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 14% примиле вакцина.
Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.
Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон и Џонсон,“ се вели во соопштението.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација и апелираат до граѓаните да се вакцинираат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
78% од новите случаи и 80% од хоспитализираните со Ковид-19, се невакцинирани
Фото: МЗ