еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Oд 1.323 тестирани, само шест ученици позитивни на Ковид-19, покажува првиот пресек од скринингот на училиштата

Од тестирани 1.323 ученици во средни и основни училишта на подрачјето на ЦЈЗ Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид, 725 се основци од прво до деветто одделение, а 598 се средношколци, од нив само шест основци биле позитивни на Ковид-19, покажува првиот пресек од спроведениот скрининг, информираат од Министерството за здравство.

„ЦЈЗ при детектирање на позитивен ученик, постапуваат согласно донесениот Алгоритам за училиштата во случај на појава на ученик со симптоми или сомнителен на вирусот.

За поголем дел од Центрите за јавно здравје скринингот завршува утре, а крајните резултати Центрите мора да ги испратат најдоцна до средината од следната седмица.

По обработката на податоците Министерството за здравство ќе ја објави целосната анлиза со што ќе се добие генерална слика за присуство на вирусот Ковид-19 меѓу учениците во училиштата,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

19 деца болни од Ковид-19 се хоспитализирани во Козле, едно е на кислородна поддршка

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа девет лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 3.085

Редакција

Лани за патни трошоци на пратениците 336 илјади евра, некои пратеници добивале и 1.000 евра месечно

Редакција

Германската министерка Бербок порача да се смени Уставот за младите да останат овде

Редакција