еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од 15 април, епидемиската крива бележи пад: Според исходот од заболувањето, 68,7% се водат како оздравени

Согласно статистичката анализа на Институтот за јавно здравје, направена заклучно со 5 мај на 1.539 потврдени случаи на Ковид-19, инциденцата на 100.000 жители во земјата изнесува 74.7, информираат од Министерство за здравство.

Највисока кумулативна инциденца е регистрирана во Куманово со 281.7 заболени на 100.000 жители, потоа во Дебар 183.8, во Прилеп 170.0 и Велес 129.8. Инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Струга, Штип и Кочани.

Градови кои регистрираат од 0.0 до 0.1 инциденца на 100.000 се Свети Николе, Берово, Ресен, Кратово.

„Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (107) е регистриран на 15 април, 2020 година. Од тогаш, бројот на заболени, односно епидемиската крива бележи пад и соодветно на тоа, од 25 април до 2 мај регистрирани се под 30 нови случаи, а од 2 до 5 мај регистрирани се под 15 нови случаи на Ковид-19,“ се вели во анализата.

Од пријавените случаи 23.2% (357 лица) се или биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле или се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Кај 33.5% (516 лица) од дијагностицираните не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Регистрирани се 88 смртни случаи и согласно ова стапката на смртност изнесува 5,7%. Од регистрираните смртни случаи најголем дел се на возраст над 60 години (57 лица). Од починатите кај 75% (66 лица) се регистрирани коморбидитети.

Од 15 февруари до 5 мај, тестирани се вкупно 17.863 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Според исходот од заболувањето, 25.6% се активни случаи, 68.7% се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашно лекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заболени од коронавирусот во Македонија уште 40 здравствени работници, излекувани 197

(Графикон) 115 се на возраст до 19 години, детали за возраста на заболените со коронавирусот во Македонија

8 хоспитализирани, 17 со претходни заболувања, детали за новозаболените со коронавирусот во Македонија

Фото: Факултет за ветеринарна медицина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка: Економскиот раст годинава само 2,9%, инфлацијата 8,8%

Редакција

Кирил и Методиј се во преамбулата на словачкиот Устав, а Бугарија си ги присвои, Пендаровски откри зошто Словачка стави вето

Редакција

Излезноста до 15 часот е 34,22%

Редакција