еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Од 16. мај се укинува носењето маска на аеродромите во Европа

Носењето маски веќе нема да биде задолжително на аеродромите и на летовите во Европа, соопштија Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај и Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Како што наведуваат, новите препораки ќе стапат во сила од 16 мај.

– Од следната недела, маските за лице веќе нема да бидат задолжителни во авионите, што во голема мера е во согласност со променливите барања на националните власти низ Европа, кога станува збор за јавниот превоз, изјави извршниот директор на Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај, Патрик Ки.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој го „намести“ Никола Николовски, кој беше приведен, па ослободен за дојавите за бомби во скопските училишта

Редакција

8 Март: Жените маршираа за повеќе права и поголема еднаквост

Редакција

Со данокот на солидарност ќе бидат опфатени 200 компании, се очекува околу 77 милиони евра да се влеат во буџетот

Редакција