еМагазин
Image default
Бизнис

Од април исклучените од парно нема да плаќаат фиксен надоместок

Од април исклучените од парно греење повеќе нема да плаќаат фиксен надоместок, предвидуваат новите предлог-правила за снабдување со топлинска енергија што денеска на седница ги разгледа Регулаторната комисија за енергетика.

На потрошувачите на топлинска енергија, пак, од 1 август во сметките ќе им биде укината ангажираната можност, но тоа не значи дека ќе добијат помали сметки, туку ќе се воведе појасен и лесен начин на пресметка на сметките.

„Од 1 август ангажираната можност како тарифен елемент за потрошувачите кои користат топлинска енергија ќе биде укината и ќе биде воведен соодветен и јасен лесно разбилив начин на пресметка на фиксните трошоци за потрошувачите кои останале во системот, истакна претседателот на РКЕ“, Марко Бислимовски.

Тој нагласи дека од 1 април нема да се зголемат сметките за парно греење поради тоа што ќе се укине одредбата со која досега исклучените плаќаа фиксен надоместок.

Од РКЕ препорачуваат Градот Скопје и Владата да најдат соодветни механизми за субвенционирање на потрошувачите кои користат топлинска енергија и на оние кои се греат на природен гас.

Во однос на оние кои би сакале да се исклучат од системот за парно греење, РКЕ предлага тие да имаат обврска да изработат елаборат со кој ќе докажат дека новиот начин на кој ќе се греат нема да предизвика проблеми во снабдувањето на електрична енергија.

„Доколку има несоодветен начин на греење и парното греење се замени со греење на електрична енергија кое има висока потрошувачка, може да настанат проблеми во снабдувањето со електрична енергија. Од тие причини секое домаќинство кое има право да се исклучи треба да докаже дека новиот начин на грење ќе биде енергетски поефикасно од тоа што досега го имал преку системот за топлинска енергија“, рече Бислимовски.

Потрошувачите кои ќе сакаат да се исклучат ќе треба да побараат и дозвола од 50 проценти плус еден граѓанин од станарите кои живеат во зградата.

Во однос на празните станови во кои никој не живее, дополнително ќе се разгледуваат начините на тарифирање.

Исто така се воведува и концептот на забрана на исклучување на ранливите категории на потрошувачи во зимскиот период.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ФЕРО ИНВЕСТ единствен нуди комплетна услуга за проектирање, изградба и откупување на струјата од фотоволтаици

Редакција

УНИ Банка со добивка и зголемени приходи во третиот квартал

Редакција

Министерството за образование и наука склучи договор со “Арс ламина“ вреден 1,5 милион евра

Редакција