еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Централен регистар се огласија за регистрацијата на бугарското здружение Цар Борис III во Охрид

Централен регистар во своето работење секогаш постапува и се води согласно постоечките закони во државата, велат од институцијата надлежна за регистрација на здруженија во врска со регистрацијата на бугарскиот клуб Цар Борис III во Охрид, што предизвика лавина од негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

“Во Законот за здруженија и фондации не се предвидени посебни одредби (Регистар) за спорни и негативни личности од историјата

Централниот регистар постапува согласно важечкиот Закон за здруженија и фондации во кој е наведено дека Правото на слободно здружување се остварува преку здружување во здруженија, фондации, сојузи и организациони облици на странски организации (во натамошниот текст: организации) за остварување на нивните цели, дејности и заштита на права, интереси и уверувања во согласност со Уставот и закон.

Се забранува основање на организација ако програмата и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост презема активности поврзани со тероризам, презема активности кои се спротивни на Уставот или закон и се повредуваат слободите и правата на други лица.

Во членот 65 и 66 од Законот за здруженија и фондации се предвидени случаите кога се забранува работата за организацијата. Согласно член 66 секој може и има право да поднесе иницијатива за забрана на организацијата пред надлежен јавен обвинител доколку дејствувањето е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост, активности поврзани со тероризам, презема активности кои се спротивни на Уставот или закон и се повредуваат слободите и правата на други лица“, велат од ЦР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Роднина на Цар Борис Трети дал согласност под негово име да се основа бугарското здружение во Охрид

По Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети, во Богданци бугарски клуб ќе добие и Цар Фердинанд

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Голем јубилеј на Клиника „Жан Митрев“: „Дваесет години воведуваме повисоки стандарди во македонското здравство“

Редакција

(Фото) Поглаварот на ИВЗ, Реисот Сулејман Реџепи, на Фејсбук се пофали дека добил албански пасош

Редакција

(Фото) „Битка“ на Македонците и Бугарите за македонскиот јазик на социјалните мрежи

Редакција