Од денеска во крушевскиот Здравствен дом почнува да работи Ковид-лабораторијата каде што ќе се земаат брисови. Од Министерството за здравство пристигнаа, првично, 100 брзи теста, а претходно, двајца вработени од Здравствениот дом беа на обука.
Тестирањето ќе се закажува преку матичните лекари и преку Мој термин.
Досега крушевчани за да се тестираат мораа да закажуваат и да патуваат во Прилеп, Битола и други градови. Сега тоа ќе биде во крушевскиот Здравствен дом.
Според локалната самоуправа во Крушево засега е зауздан бранот на новозаразени. Последно, неделно се регистрираат по еден до два случаи. Се надеваат дека ваквото намалување ќе продолжи со почитувањето на мерките.
Во Крушево моментално има 70 активни случаи, а од почетокот на пандемијата вкупно се заразени 155 граѓани.
МИА