Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 4 починати лица од Ковид-19: две починати лица од Скопје (70г и 92г) и по едно починато лице од Прилеп (73г) и Битола (74г).
Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Скопје (2), Тетово (1), Охрид (1) и Гевгелија (1).
Починатите лица се на возраст од 53 до 92 години. Лицата за починати се пријавени во период од 27.02.2022 до 02.03.2022 година. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.
Од вкупно регистрираните починати лица (9), кај 8 лица се регистрирани коморбидитети, а едно лице е пријавено без коморбидитети.
Вкупната бројка на починати е 9.146.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 198 случаи на Ковид-19 од 1.996 тестови, 31 се реинфекции
Убава вест: Оздравени 276 болни од Ковид-19
Фото: МЗ