Реџеп Таип Ердоган останува претседател на Турција, функција на која е речиси 20 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ердоган останува претседател на Турција
За првпат стана претседател во 2014 година.
Кој е Ердоган?
Роден е во февруари 1954 година во Истанбул.
Завршил факултет за менаџмент во 1981 година.
За првпат запловил во политичките води кога имал 18 години.
Во текот на 1969-1982 година бил полупрофесионален фудбалер.
Политичка кариера
Ердоган беше премиер на Турција од 2003 година до стапувањето на претседателската функција во 2014 година и градоначалник на Истанбул од 1994 до 1998 година.
Тој е основач на Партијата на правдата и развојот (АКП), која ја водеше од 2001 до 2014 година.
Во 2017 година повторно го презеде раководството на партијата откако во Турција се одржа референдум за одобрување на 18 уставни амандмани.
Ердоган промовира политика наклонета кон исламизмот и е самопрогласен конзервативен демократ, а неговите политики се оценуваат како социјално-конзервативни и популистички.
Бил одусен на казна затвор поради потикнување на верска омраза.
Ги отвори преговорите на Турција со ЕУ
Како премиер, Ердоган спроведе бројни реформи. Преговорите за пристапување на Турција во Европската Унија беа отворени за време на неговиот мандат.
Паралелно со ова, инфлацијата, која со децении имала негативно влијание врз економијата на земјата, додека беше премиер, беше ставена под контрола и на турската лира и беа отстранети шест нули. Каматните стапки на јавниот долг беа намалени, а доходот по жител на Турција значително порасна.
Економијата и инфлацијата и денеска се главниот проблем на Турција и за Ердоган, кој често е критикуван од Западот за различни работи, тоа ќе биде главниот предизвик.
Нарушување на секуларнииот карактер на државата
Ердоган, исто така е критикуван и за нарушувањето на секуларнииот карактер на Турција
Во 2009 година, Ердоган стана популарен во арапскиот свет, обвинувајќи го израелскиот претседател Шимон Перес дека израелската офанзива е злосторство против човештвото поради убивањето на палестинските деца и цивили. По ова, тој во Турција беше пречекан како национален херој.
Во текот на 2010 година, тој ја посети Атина, историски настан за нарушените односи помеѓу Турција и Грција, кои се уште не се стабилни, иако и двете земји сега се членки на НАТО.
Односите со Грција остануваат едно од главните прашање во надворешната политика на Турција, а двете земји се уште спорат за територија.
Екстраваганција и демонстрација на тоталитарната власт
Во 2014 година, на периферијата на Анкара беше отворена новата претседателска палата со 1.150 соби, што предизвика бројни критики како непотребна екстраваганција и демонстрација на тоталитарната власт.
Истовремено, Ердоган беше обвинет за мегаломанија и за градење на култ на личноста.
Во март 2015 година, лекарот на Ердоган, Џевдет Ердол за весникот „Хуриет“ изјави дека храната што ја јаде Ердоган постојано се проверува поради неговиот страв да не биде отруен. Исто така, тој најави дека во претседателската палата ќе има и лабораторија за анализата на храната што се подготвува за претседателот.
Користени информации од Википедија.
Фото: Ердоган/Фејсбук