Од Појасот Газа е евакуиран и брачниот пар од Македонија, последните македонски државјани кои заглавија таму, откако почна војната помеѓу Израел и Хамас.
Информацијата на Фејсбук ја сподели министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
-Брачниот пар, последните двајца наши државјани кои се наоѓаа во ризичните зони се евакуирани од Газа. Во моментов тие се на безбедно, привремено вдомени во Каиро, и наскоро ќе бидат упатени кон дома.
Сакам да оддадам посебно признание за посветеноста и професионалноста до вршителите на работи во амбасадите во Тел Авив и Каиро, Мачеј Качоровски и Елма Алторок, кои вложија извонредни напори во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хамас киднапирал и девојка со корени од Македонија, семејството бара нејзино спасување
Македонија ја нема признаено Палестина, која е нападната од Израел
Фото: Унсплеш