Поради компликации од коронавирусот денеска почина Марјан Додовски, прв министер за животна средина и просторно планирање на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 до 2002 година.
Додовски беше пратеник во Собранието од 2006 до 2008 година, а потоа и член на Советот на Град Скопје.
Веста ја соопшти неговата поранешна сопруга Иванка Василевска на нејзиниот Фејсбук профил.
– Во длабока жал ве известуваме дека ноќеска, на државната клиника, прерано не напушти Марјан Додовски. Марјан беше голем и посветен борец за Македонија, прв министер за животна средина и просторно планирање на ВМРО-ДПМНЕ, во својата плодна кариера извршуваше бројни партиски и државни функции но, пред се и најважно од се тој беше татко на мојата, на нашата Марија Додовска.
Не остави во голема жалост, а Македонија изгуби голем човек. Марјан почивај во мир!, напиша таа.
Додевски беше член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, претседател на комисијата за животна средина и координатор на изборни единици.
МИА/Фото: МИА/ТВ Нова