еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 почина виолинистот Зоран Џорлев

Познатиот македонски виолинист, вокален изведувач и професор Зоран Џорлев почина денеска како последица на Ковид-19.

Зоран Џорлев е роден на 10 јануари во Струмица. Детството го поминал во Струмица, живеејќи на улицата „Пере Тошев“ во близина на киното, заедно со братот Ристо (Ице) и сестрата Софче. Тој бил дете на Наско и Грозда Џорлеви, а татко му бил познат композитор на народна музика и водач на оркестар.

Кога бил првооделенец, со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, откако претходно во музичкото училиште бил одреден да свири на пијано, зашто „немал предиспозиции за виолина“.

Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат бил по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година.

МИА/Фото: Фејсбук/Џорлев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е ресторанот со најдобар бургер во Скопје

Редакција

Агенцијата „Спид“ го доби тендерот на општина Струга за привремени вработувања „тежок“ 65.000 евра

Редакција

Ново поскапување на горивата: Бензинот и дизелот стигнаа до 90,5 денари

Редакција