Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 11 починати лица од Ковид-19: 3 починати лица од Скопје (67г, 75г и 79г) и по едно починато лице од Битола (53г), Велес (59г), Кавадарци (81г), Крушево (84г), Прилеп (66г), Пробиштип (73г), Радовиш (72г) и Штип (78г).
Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 16.11.2021.
Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (1), Струмица (1) и Битола (1). Починатите лица се на возраст од 65-80г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.
Вкупната бројка на починати е 7.406.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 444 случаи на Ковид-19 од 2.938 тестирања, бројката на активни е 8.352
Убава вест: Оздравени 467 болни од Ковид-19
Фото: МЗ