Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 7 починати лица од Ковид-19: 3 починати лица од Прилеп (80г, 80г и 81г), 2 починати лица од Скопје (78г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (75г) и Струга (60г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително нема пријавени починати лица.
Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупниот број на починати е 8.898.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 887 оздравени од Ковид-19
81 се реинфекции: Нови 668 случаи на Ковид-19 од 3.974 тестови
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.