Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа починале 20 лица од Ковид-19: 9 починати лица од Скопје (52г, 54г, 54г, 69г, 75г, 80г, 81г, 82г и 84г), по 2 починати лица од Куманово (82г и 86г), Струга (56г и 68г) и Велес (69г и 76г), и по едно починато лице од Кавадарци (63г), Гостивар (69г), Кичево (68г), Крива Паланка (70г) и Свети Николе (62г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 21.09.2021 до 02.10.2021 година.
Регистрирани се 3 лица од Скопје и 2 лица од Тетово на возраст од 52 до 78 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Вкупната бројка на починати е 6.783.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 393 случаи на Ковид-19, во Скопје 187
Убава вест: Оздравени 397 болни од Ковид-19
Фото: МЗ