еМагазин
Image default
Македонија

Од МВР незнаат каде се Демири и Исмаиловиќ, обвинети за масакрот на Смилковско езеро

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека се уште немаат информации за тоа каде се наоѓаат Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се обвинети во случајот „Монструм“.

Тој на новинарско прашање за тоа, упати на одговорот на косовскиот колега Екрем Мустафа даден за време на посетата на Скопје на крајот од март по трилатералната тактичко-показна вежба „Western Balkan’s flash“, кој изјави дека нема информации каде се Демири и Исмаиловиќ и рече дека Приштина ќе соработува со Скопје и ќе постапи согласно законите во врска со барањето за нивна екстрадиција.

– Во моментот немаме информации каде се наоѓаат, но согласно законските процедури ние ќе постапиме и ќе соработуваме со Република Северна Македонија, изјави Мустафа одговорајќи на новинарско прашање дали има информации за Демири и Исмаиловиќ и кога ќе бидат екстрадирирани.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се меѓу обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро кое се случи точно пред седум години на 12 април 2012 година.

Двајцата се избегани на Косово, а властите во Скопје по нив распишаа меѓународна потреница и од Косово побараа да бидат екстрадирани во земјава.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се дознае ли некогаш вистината: Седум години од петкратното убиство кај Смилковско езеро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пожарите во Битола и Радовиш под контрола

Редакција

Бројот пак порасна: Македонија ќе згрижи 780 Авганистанци, најголем дел ќе бидат сместени на периферијата на Скопје

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција