еМагазин
Image default
Македонија

Од околу 1.000 дронови во Македонија, регистрирани се само 52 летала

Во Македонија од цивилни лица и фирми се користат околу 1.000 воздухоплови без екипаж, а од нив до 15 август кај нас се регистрирани само 52, објаснува Драги Стојаноски, раководител на Секторот за безбедност на воздушен сообраќај и воздухопловна навигација во Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ).

Казните за неовластено користење, се од 300 евра, ако се плати истиот ден, до 600 евра за плаќање подоцна.

– Се надеваме дека сопствениците на леталата ќе сфатат дека и оваа дејност мора да биде регулирана и ќе си ги извршат обврските да се регистрираат според Уредбата за воздухоплови без екипаж – вели Стојаноски.

Тој вели дека е проблем и тоа што кај осигурителните куќи уште нема слух да изготват понуди за осигурување на овие летала, со што би им се овозможило некакво олеснување и помош и на сопствениците на воздухопловите без екипаж и на луѓето што ќе претрпат некакви повреди или штета од овие летала.

Уредбата, како и потребните формулари за регистрирање на воздухоплови без екипаж може да се најдат во одделот за воздухоплови без екипаж на веб-страницата на АЦВ.

Регистрираните дронови добиваат маркичка со регистерски број и со QR-код, а сопствениците се задолжени 24 часа пред летањето да пријават со електронско писмо каде планираат да летаат со својот дрон и во кој временски период. Од следната седмица тоа ќе се прави директно на веб-страницата на Агенцијата, каде корисниците ќе се логираат и ќе ги оставаат своите податоци.

– Проверуваме и со МВР и со Министерството за одбрана, оти, на пример, иако за некој објект го знаеме ограничувањето, министерствата може во некои случаи, односно во некои денови, да наложат многу поголема оддалеченост од објектите. Од почетокот на месецот до 15 август имавме 63 пријавени настани и сите можеа да се следат на картата на нашата веб-страница – објаснува Момироски.

Од 63-те лета, по околу една четвртина отпаѓа на Скопје и Охрид, а потоа следуваат Куманово со 17 отсто од летовите, Тетово со 7 отсто, како и Струмица и Македонски Брод со по 5%.

Од Агенцијата апелираат сите сопственици на дронови со долет поголем од 15 метри и максимална височина над 15 метри или тежина при полетување од половина килограм да ги регистрираат овие летала, за да избегнат проблеми со законот.

извор: meta.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема напредок во работата на Комисијата со бугарските колеги, би било корисно да се вклучат надворешни експерти вели Ѓоргиев

Редакција

Почина петгодишно девојче на Детската клиника од компликации предизвикани од грип

Редакција

Не се враќа во Струмица: Премиерот Заев денеска ќе поднесе оставка

Редакција