еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од полноќ поевтинува дизелот и Екстра лесното масло, бензините остануваат со иста цена

Од полноќ се намалува цената на дизелот за три денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари.

Цената на бензините останува иста, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според новата одлука на РКЕ, дизелот ќе се продава по цена од 85 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 81 денар за литар.

Цените на бензините остануваат исти, што значи дека Еуросупер БС-95 и понатаму ќе има цена од 86,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 цена од 88,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,615 денар/килограм и сега ќе изнесува 59,299 ден/кг.

Со ова, се врши намалување на намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,50 проценти во однос на одлуката донесена на 14 март.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворени 4 угостителски објекти и изречени 45 опомени за неносење маски во трговски објекти

Редакција

Ќе влезе ли Алтернатива во Владата: Денеска нова средба на Заев со Гаши

Редакција

Бројката на активни 6.957: Нови 111 случаи на Ковид-19, во Скопје 83

Редакција