Министерството за труд и социјална политика почнувајќи од понеделник ќе се врши етапна исплата на паричната помош на шалтерите на банките за корисниците на права на парична помош од социјална и детска заштита, информираат од таму
Помошта ќе се исплатува по дефиниран редослед по азбучен ред според почетната буква од презимето и тоа:
– 04.05.2020 (понеделник) исплата за А, Б, В, Г + Д (прва буква на презиме).
– 05.05.2020 (вторник) исплата за Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К + Л (прва буква на презиме).
– 06.05.2020 (среда) исплата за Љ, М, Н, Њ, О, П + Р (прва буква на презиме).
– 07.05.2020 (четврток) исплата за С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ + Ш (прва буква на презиме).
Етапната исплата на паричните права од социјална и детска заштита е направена со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на овие права, во услови на опасност од вирусот Ковид-19.
Министерството за труд и социјална политика укажува дека корисниците кои користат платежни картички поврзани со трансакциската сметка на која се исплаќаат правата од социјална и детска заштита, ќе можат паричните средства да ги подигнат на банкоматите на банките, да ги користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, сметано од понеделник.
„Министерството потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот и за заштита на населението за време на вонредна состојба.
Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите на банките, се должни да носат каква било форма на заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично).
Исто така, при чекање ред пред и внатре во банките, треба да се запази минимум потребно растојание од најмалку два метра,“ се наведува во соопштението.