Министерството за здравство информира дека во вчерашната несреќа во пожарот во ковид центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица.
“Во ковид центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност.
Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди.
Министерството за здравство изразува сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа.
Министерството во текот на денот постојано ќе информира за сите нови детали околу случајот, апелираме до медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Веста за пожарот во ковид-болницата во Тетово го обиколи светот
Пожарот во кој изгоре ковид-центарот во Тетово топ тема во регионов, Србија нуди помош
Фото: МИА