еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од СЈО загрижени оти нема замена за Јанева и да не протечат прислушувани разговори

Од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) информираат дека сѐ уште немаат добиено писмен допис од страна на Јавното обвинителство за да можат да известат дали и како ќе се постапуваат со предметите на ова Јавно обвинителство.

„Воедно, во оваа прилика сакаме уште еднаш да ја изразиме нашата загриженост поради фактот што до овој момент ниту е избран јавен обвинител кој ќе ја замени Катица Јанева, ниту пак е донесено ново законско решение со кое што ќе се регулира статусот на ова Јавно обвинителство.

Потсетуваме дека мандатот на СЈО е до 15 септември 2020 година, до кога продолжуваат работниот однос на вработените во Обвинителството и тековните обврски на институцијата.

Отсуството на регулатива за тоа што ќе се случува со вработените, тековните обврски, архивата и материјалите со кои располага Обвинителството, во ситуација кога нема раководно лице на институцијата, ќе доведе до реални проблеми во остварувањето на правата од работен однос на вработените лица и намирување на обврските на институцијата, а воедно ќе отсуствува и контрола на спроведувањето на безбедносните процедури поврзани со сите материјали со кои располага Обвинителството“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пинг-понг со предметите на СЈО: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го урнисаа правниот систем

Поранешниот обвинител Наков: Полномошното на Јанева нема никаква правна важност

Калајџиев: Јанева не може да ги отстапува предметите, нема политичка волја СЈО да продолжи да работи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер го „подбра“ Заев за Богоевски: Тоа што Крсто Мукоски ги отворил вратите од Собрание е негова лична работа

Редакција

50 станови се веќе резервирани: Квадрат во East Gate Living ќе се продава по цена од 1.250-1.350 евра

Редакција

„Супертрејд“ го доби тендерот на ЈСП Скопје за набавка на моторни масла вреден 298.000 евра

Редакција