еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Од утре на Пониква и ноќно скијање, дневниот билет чини 700 денари

Од утре во зимскиот рекреативен центар Пониква на Осоговските Планини почнува сезоната за ноќно скијање.

Последните врнежи од снег и релативно ниските температури овозможија скијачките патеки да бидат добро подготвени поради што од концесионерот „Еурокомерц“ – Кочани најавуваат продолжување на дневните со ноќни термини за користење на условите што се нудат.

-За ноќното скијање од овој викенд посетителите ќе можат да ја користат патеката број 1, која целосно е осветлена и во функција е ски-лифтот. Таа е погодна за почетници и напредни скијачи, а на посебен дел е обезбеден простор за санкање на најмладите.

Дневниот билет чини 700 денари, а дополнително може да се изнајмат скии, санки, штици за бординг, облека и заштитна опрема за скијање. Исто така, стручни лица нудат обуки за скијање за деца и почетници, истакна Благој Манев, управител на „Еурокомерц“.

За уредувањето и подготовката на патеката за скијање е користена машина ратрак, а доколку има потреба во функција можат да се стават и топовите за вештачки снег.

Ноќното скијање ќе биде во периодот од 17 до 21 часот, а во зависност од интересот на посетителите можно е, освен во викендите, тоа да се реализира и во другите денови од неделата.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанка загина во Ѓорче Петров, ја прегазило 25-годишно момче

Редакција

(Видео) Во Будимпешта Мицкоски е со сопругата, еве како беше пречекана македонската делегација

Редакција

Димитриос Пасхос е нов главен извршен директор на ОКТА, Вук Радовиќ назначен за нов претседател на Одборот на директори

Редакција