Од утре ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во вторник се очекуваат пообилни врнежи дожд, кои поради заладувањето на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика дневните температури да бидат пониски и во следните денови.
Минималните температури утре ќе се движат од еден до осум степени, а максималните дневни од 0 до 19 степени.
Во понеделник температурата ќе достигне 20 степени, а во вторник ќе биде 11.
Во среда, четврток и петок повторно се прогнозира покачување на температурите.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.