еМагазин
Image default
Македонија

Од вечер се враќа на сила полицискиот час од 21 до 5 часот

Полицискиот час, кој беше укинат изминатата ноќ, од вечер повторно се враќа во сила и ограничувањето на движењето ќе трае од 21 час до 5 часот.

Согласно одлуката на Владата од 27 април, со цел справување со пандемијата на Ковид-19 на територијата на државата беше воведена забрана за движење од 21 до 5 часот следниот ден, со исклучок за време на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам, односно од 1 кон 2 мај и од 12 кон 13 мај.

Со владината одлука со која што се ублажија рестриктивните мерки, е овозможена и работа на терасите на угостителските објекти до 20.30 часот, кои претходно беа целосно затворени.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Туск на македонски: Никогаш не ја пропуштајте можноста кога ќе ве повикаат да гласате

Редакција

ДИК: Од дијаспората за гласање на референдумот за името се пријавиле само 2.855 гласачи

Редакција

Се зголемува бројот на деца во градинките

Редакција