еМагазин
Image default
Македонија

Одбиено барањето на бизнисменот Сеад Кочан за одлагање на затворската казна

Бизнисменот Сеад Кочан не доби одлагање на затворската казна. Основниот суд Скопје 1 не ја прифати неговата молба за одлагање на затворската казна за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), која треба да почне да ја издржува од 17. јули.

„Ја информираме јавноста дека молбата за одлагање на извршувањето на санкцијата е одбиена како неоснована и истата е доставена до странките во постапката“, соопшти Основниот суд Скопје.

Според одлуката на судот, Кочан треба да се појави в затвор за две недели.

Кочан првично за „Труст“ доби шест години затвор, а потоа Апелацискиот суд му ја намали казната на четири години и осум месеци.

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Редакција

Албанскиот претседател Мета: Бегството на Груевски е признавање на вина од негова страна

Редакција

Потврдено: На Клиниката за онкологија 8 вработени позитивни на корона вирусот

Редакција