еМагазин
Image default
Македонија

Одбраната на Мијалков бара реакција од израелската Амбасада по тврдењата дека „имал блиски врски со Израел“

Адвокатите на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков денеска информираа дека испратиле писмо до израелскиот амбасадор, откако во образложението за одлуката на Основниот кривичен суд за нов 30-дневен притвор на нивниот клиент било наведено дека постои „опасност од бегство затоа што е во контакт и блиски врски со разузнавачките служби на Израел“.

– Во решението на Основниот кривичен суд е наведено дека постои опасност од бегство затоа што Мијалков е во контакт и блиски врски со разузнавачките служби на Израел, кои ќе му овозможат бегство во секој миг кога ќе посака без патна исправа и дека ќе му дадат засолниште, истакна адвокатот Звонко Давидовиќ.

Според него, ваквото образложение е „апсурдно и претставува нешто што досега не е видено“.

– За такво нешто треба да се даде доказ. Ова е вторпат Обвинителството да постапува на таков начин. Се сеќавате кога Вилма (Русоковска) кажа дека има личен извор кој никако да го именува. Баш би сакале да го именува за да го провериме и тоа.

Овој пат имаме име на држава која се спомнува и затоа одиме на овој начин да провериме и да и покажеме на јавноста на кое ниво е судството и со какви работи се служат и Обвинителството и Кривичниот совет на Основниот кривичен суд, додаде Давидовиќ.

Тој нагласи дека очекуваат оти израелската Амбасада ќе ги провери овие информации, а потоа „ќе даде демант или ќе се обрати до јавноста“.

– Ние не очекуваме одговор, ние очекуваме да се заинтересира да ги провери овие факти и едноставно да постапи онака како што му налагаат неговите правила на служба – дали да даде демант, дали да се обрати до јавноста, тоа веќе зависи од нив.

Но, во секој случај имаат право да бидат запознаени, а ние имаме право да побараме едноставно известување за целата состојба, а и да ја информираме Државата Израел со која имаме блиски пријателски односи и ваквото нешто навистина е недолично, истакна Давидовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поднесена жалба на мерката притвор за Мијалков за „Плацеви на Водно“

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарски медиуми: Груевски не бил во вилата на Орбан

Редакција

За Антикорупциска исплатата на долгот кон лозарите е незаконска

Редакција

Регистрирана „Твоја партија“, ќе ја застапува адвокатот Александар Тортевски

Редакција