еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Прераспределба на средства од Буџетот за зголемувања плати, пензии, социјална помош, набавка на лекови, поддршка на компании

Владата на седница вчера го разгледала и утврдила Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Македонија за 2023 година и ја разгледала и утврдила Предлог – одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, информираа од таму.

Со донесените владини заклучоци, соопштија од владината прес-служба, се предлага прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите за 2023 година, поради што за спроведувањето на предложениот закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот, според образложението од предлагачот на точките, Министерството за финансии, не се потребни дополнителни финансиски средства.

– Со прераспределбата на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите за 2023 година, се обезбедуваат средства за зголемување на платите за 10 проценти од месец септември 2023 година и исплата на регрес за годишен одмор за 2023 година согласно одредбите од Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор; дополнителни средства за пораст на пензиите од месец септември 2023 година; се обезбедуваат средства за спроведување мерки за надминување на определени непредвидени состојби во стопанството, се обезбедуваат дополнителни средства за субвенции во областа на земјоделството и образованието; поддршка на домашни и странски компании преку обезбедување дополнителни средства за државна помош; се обезбедуваат дополнителни средства за исплата на правата од социјалното осигурување; набавка на лекови во областа на здравството и слично, се појаснува во соопштението.

Законот, чие донесување се предлага, се подвлекува во соопштението, се заснова врз начелата за рационално, економично, ефикасно и ефективно трошење на средствата од корисниците на Буџетот и законитост и одговорност при користењето на средствата на Буџетот за извршување на утврдените обврски на Републиката.

По утврдувањето од страна на Владата, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Македонија и предметната Предлог – одлука, ќе бидат доставени до Собранието на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ГАЛЕРИЈА) Отворен уникатниот „Лимак Скопје Хотел“ со пет ѕвездички во центарот на Скопје

Редакција

Нов успех на македонските фудбалери: Победа над Естонија со 2:1

Редакција

Цените на производителите на индустриски производи зголемени за 22% на годишно ниво

Редакција