еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Одлуката за Македонија да помине низ Националното собрание договорија коалициските партнери во бугарската Влада по вонредниот совет

Владините коалициски партнери во Бугарија синоќа повеќе од три часа заседаваа на вонреден совет со фокус на односите со Република Северна Македонија.

Шефицата на политичкиот кабинет на премиерот Кирил Петков, Лена Бориславова по завршувањето на коалицискиот совет, изјави дека коалицијата имала конструктивен дијалог на оваа тема, која, според неа, е исклучително важна за бугарското општество.

– Се договоривме дека за нас е најважно да имаме широк договор за темата Република Северна Македонија, со што го потврдивме ветувањето што го дадовме на целата коалиција дека оваа тема нужно ќе помине низ Националното собрание. Дотогаш ќе ги оставиме дипломатите во МНР да си ја продолжат работата. Тие активно работат и се трудат да го заштитат бугарскиот интерес, изјави Бориславова.

Состанокот во Советот на министри се одржа по повикот на премиерот Кирил Петков за свикување на Советодавниот совет за национална безбедност за состојбата на преговорите со Скопје.

Бугарскиот претседател Румен Радев претходно, коментирајќи го состанокот на коалициските партнери од Владата, рече дека состаноците не се толку важни, но резултатите се важни и дека очекува Коалицискиот совет да ги следи постигнатите со консензус ставови и предлози од Советодавниот совет за национална безбедност, да го брани бугарскиот интерес и да ги почитува критериумите за членство од Копехаген што се базираат многу прецизно за човековите права и недискриминацијата.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување од 35%: Минатата недела 26 лица по вторпат заболеле од Ковид-19

Редакција

275 се реинфекции: 2.071 нови случаи на Ковид-19 од 6.010 тестирања

Редакција

Министерот Сали вели дека протестирале само 25% од матичните лекари

Редакција