еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одреден 30 дневен притвор за Сашо Мијалков

Притвор од 30 дена му е одреден на порнешниот директор на УБК, Сашо Мијалков на барање на Специјалното јавно обвинителство, потврдија за МИА од Кривичниот суд.

Од СЈО информираа дека притворот на Мијалков е за предметот „Таргет– Тврдина“.

Истрагата за предметот „Тврдина” беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет” на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Во споениот предмет „Таргет – Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР,  Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Сашо Мијалков и Горан Грујовски, заедно со Гордана Јанкулоска и Никола Бошкоски се товарат и за уништување на системот за прислушкување на МВР и интермедијациските уреди на операторите во вредност од 1.418.879 евра, а Валентина Симоновска за фалсификување службен документ.

Мијалков освен во предметот „Таргет – Тврдина“, обвинет е и во случаите на СЈО „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен Сашо Мијалков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје новогодишно ќе блесне на 15. декември, украсувањето ќе чини 30 илјади евра

Редакција

(Видео) Русија тврди дека го намалува военото присуство на границите со Украина, Западот дека го зголемува

Редакција

Денеска на Канал 5 дуел Заев-Мицкоски

Редакција