еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Официјален Париз: Следните денови ќе бидат одлучувачки за отворање на преговорите со Македонија

Француското Министерство за надворешни работи во реакција испратена на прашање на дописникот на МИА, потврдува дека официјален Париз останува мобилизиран на изнаоѓање решение за почеток на преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ.

Официјалната реакција на „Кej д’Орсеј“ се чекаше многу долго, прашањето за содржината на францускиот план за надминување на бугарското вето, беше поставено пред дваесетина дена и на неколку пати повторено.

Одговорот од француската дипломатија доаѓа по самиот ЕУ-Западен Балкан и како што пренесоа повеќе француски медиуми, „очигледното незадоволство и гневот на земјите од Западен Балкан“. Во реакцијата се дополнува она што го рече претседателот Емануел Макрон во Брисел.

„Кej д’Орсеј“ најпрво потсетува дека претседателот на Франција Емануел Макрон уште „за време на телефонските разговори што ги имаше на 6 јуни со македонскиот премиер и со бугарскиот претседател, укажа дека е подготвен да им помогне на овие две земји да склучат билатерален договор.“

Во однос на француското директно ангажирање во изнаоѓањето на решение, француското МНР додава: „Преземаме многу чекори под нашето претседавање со Советот на Европската Унија со цел да го поддржиме барањето решение за спорот меѓу двете земји и да ја конкретизираме европската перспектива на С.Македонија.“

На крајот од кратката реакција се нагласува дека „следните денови ќе бидат одлучувачки“.

– Остануваме мобилизирани за да постигнеме избалансирано и заемно прифатливо решение и решени сме, во случај на договор, да организираме меѓувладини конференции меѓу Европската Унија и С.Македонија, како и со Албанија, наведуваат од француското Министерство за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања, со „Северномакедонците“ ќе разговараме следните часови

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Груевски највисока, за Камчев минимална казна, побара обвинителката Стефанова во завршните зборови за „Плацови на Водно“

Редакција

Просечната нето-плата во март 31.080 денари

Редакција

Персонализирана терапија за пациенти со канцер, кај нас и искуства од Хрватска

Редакција