еМагазин
Локално

Ограбена експозитурата на НЛБ банка во Ѓорче Петров

Утринава во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Сите клиенти кои се затекнаа во експозитурата, како и вработените на Банката се безбедни и се во добра состојба.

„Во овој момент, претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.

Паралелно, Банката соработува со надлежните органи за брзо и ефикасно решавање на случајот, како и утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително“, информираат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипскиот градоначалник апелира да се воведат Ковид координатори во фабриките и институциите

Редакција

Кратовчанец изел ќотек пред угостителски објект

Редакција

Притвор за 41-годишник од Кавадарци осомничен за полов напад врз деца

Редакција