Ограбена е канцеларијата на „Донирај компјутер„, невладина организација, која секојдневно работи секое семејство во Македонија да добие бесплатен компјутер.
Информација на Фејсбук ја соопшти Борче Стаменов од „Донирај компјутер„, а кражбата се случила завчера.
-Сабајле во 3.59 некој ги обил канцелариите на “Донирај компјутер“ во Кавадарци. Украл 4-5 Леново лап топи, 6-7 Apple Mac book pro и повеќе нови (20-25) ССД дискови од 120гб.
Имаме снимки кои треба да ги прегледаме во полиција и опис на крадецот. Ако некој ви понуди нешто за продавање од споменатите работи или видите оглас, ве молам да ми пишете.
Кавадарчани Ве молам да споделите и да помогнете да се најде сторителот. Срамота е да се краде од иницијатива како нашава, срамота!, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Донирај компјутер“ во нова работилница, донирани близу две илјади компјутери