еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Ограничен пристапот до Бигорскиот манастир и целосно забрана за манастирот во Рајчица

Согласно новонастанатата состојба со ширењето на Ковид-19 во државава и препораките на Светската здравствена организација, на Вселенската Патријаршија и на Светиот Синод на МПЦ – Охридска Архиепископија, како и во согласност со најновите профилактички мерки на надлежните државни институции кај нас, со цел подобро справување и целосно спречување на ширењето на вирусот, надлежните од Бигорскиот Манастир соопштија дека од вчера пристапот до него е значително ограничен, додека пристапот до метохот „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица е сосема забранет.

Во соопштението се наведува дека поради тоа што манастирот во Рајчица се наоѓа во непосредна близина на градот Дебар, каде што е епицентарот на вирусот во државава и каде има најголем број на заболени, главно поради повратниците од Италија, според решението на државните власти тој ќе се наоѓа во состојба на изолација во наредните 30 дена.

„Со помош на Божјата благодат и по молитвеното покровителство на Светиот Јован Претеча и Крстител и на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, досега сите монаси, монахињи и верници што се затекнаа во нашите манастири се со добро здравје и со силен дух. Дневниот богослужбен круг се одвива непрестајно, а зголемено е молитвеното ќелијно правило на монасите“, се нагласува во соопштението.

Смирено ве замолуваме, посочуваат од Бигорскиот Манастир, во овие благословени денови на Светата и Велика Четириесетница да ги удвоите своите лични молитви за поскоро и побезболно надминување на ова сесветско искушение, за брзо опоравување на заболените и за душевни и телесни сили на оние кои несебично се жртвуваат за другите и работат за спречување на инфекцијата.

„Упатуваме апел за совесно однесување кон правилата и препораките на надлежните државни органи, имајќи предвид дека, создадени за заедница и живеејќи во неа, сите ние сносиме одговорност и за нашите ближни, за луѓето во непосредна близина до нас, но и за оние кои се физички далеку од нас. Всушност, самопожртвуваната грижа за другите преставува акт на христијанска љубов.

Да го исползуваме ова современо искушение на човештвото не за паника, хаотичност и безнадежност, туку за лично покајание, за духовно очистување, просветление и преобразување и за личносно приближување до нашиот човекољубив Бог и Создател, Господ Исус Христос“, се додава во соопштението.

Се посочува дека вистинската вера, дејствената љубов, искреното покајние, постот придружен со добри дела и молитвата навистина прават чуда.

„Нема искушение што преку овие врховни добродетели и преку благодатта Божја не може да се надмине.Ви посакуваме добро и богоугодно да го поминете остатокот од Светата Четириесетница, та по молитвите на Пресветата Владичица наша Богородица, Мајката Царица на Небото и на Земјата, да се удостоиме со радост и духовно веселие, неосудено и непречено да се поклониме на сесветлото Христово Воскресение – настан со кој засекогаш е победено најголемото искушение и страдание на човештвото, смртта. Нека благодатта од славното Воскресение биде со сите нас!

Остануваме неотклонливо со вас во љубовта Христова, принесувајќи Му ги постојано нашите смирени молитви за сите вас! Архимандрит Партениј, со своите во Христа браќа монаси од Бигорскиот Манастир и сестрите монахињи од Манастирите во Рајчица“, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детална листа: Најнови мерки и заклучоци на Владата против корона вирусот

Се затвора аеродромот во Охрид поради коронавирусот

(ВИДЕО) Шест нови случаи на коронавирусот, вкупниот број се искачи на 18 лица

Фото: Бигорски манастир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Влатко Ѓорчев помеѓу бадникарите пред Соборниот храм: Со семејството ја пречека Бадниковата поворка

Редакција

Сојуз на здруженија на дијабетичари бара од Владата да се ослободат од работни и училишни обврски хронично болните и дијабетичарите

Редакција

24-годишна мајка од радовишко ги заклучила децата во соба и се отрула во полското веце

Редакција