еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Охриѓанецот Топалоски се „предомисли“: „Нефи Усеини ми е пријател, недоразбирањето е надминато“

Охриѓанецот Спире Топалоски кој јавно обвини дека бил тепан од советникот на ДУИ, Нефи Усеини и неговиот брат се предомисли и ја смени изјавата. Тој вели дека станува збор за недоразбирање и дека Нефи Усеини бил и ќе биде негов пријател.

„Јас, Спирко Топалоски, сега во добра здравствена состојба, сакам да ги демантирам написите кои деновиве излегоа во јавноста, надвор од контекст и надвор од сè што се случи критичниот ден.

Од еден немил настан и расправија, која произлезе најверојатно од политички причини односно од структури за мене непознати, со цел да се дискредитира неговото име и да се наруши нашето пријателство се направи филм.

Додека јас и Нефи разговаравме, добив удар од задната страна и од стресот што го добив, особено и поради тоа што мојот син беше присутен добив погрешен впечаток за сè.

Да бидам искрен оружје не видов, но во целата таа паника што настана се стекнав со таков впечаток како да има пиштол, а всушност немаше. Сакам да потенцирам дека се работи само за едно недоразбирање, кое е надминато.

Нефи бил и ќе биде мој пријател. Би ја замолил јавноста и медиумите да се занимаваат со други поважни, а не вакви исконструирани настани“, пишува во изјавата на Топалоски што ја објави „Охрид 1“.

Само пред неколку дена, Топалоски обвини дека Усеини и брат му го тепале со пиштоли пред неговиот 14-годишен син. По неговото обвинување, беа поднесени кривични пријави против Усеини и неговиот брат и им беше одредена мерка притвор во траење од осум дена.

До денес тие не се достапни за органите на прогонот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за охридскиот советник од ДУИ, Нефи Усеини и неговиот брат

(Фото) Советникот на ДУИ, Усеини натепал сограѓанин: Му извади пиштол на син ми, а потоа ме тепаа по глава

Одреден притвор за Нефи Усеини и брат му, полицијата трага по нив

„Сеа и Нефи преку оглас може ќе го бараат“: Твитер реакции за притворот за советникот на ДУИ, Усеини

Фото: Фејсбук/Усеини/А1Он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повлечи ја одма статијата и извини се, побара Јашари од новинарка на „Фокус“ за вест за синот на Талат Џафери

Редакција

Корона вирусот „влезе“ во Домот за стари лица во Радовиш

Редакција

До петок сончево, викендов дожд и опаѓање на температурите

Редакција