еМагазин
Image default
Македонија

Околу 24 илјади граѓани досега се пријавиле за вакцинирање преку онлајн апликацијата

Вкупно 23.924 граѓани досега се пријавиле преку онлајн аликацијата за вакцинирање против Ковид-19, информираа од Министерството за здравство.

Веб страницата беше пуштена во функција вчера, а на неа може да се пријави секој граѓанин со тоа што системот ќе биде тој кој ќе генерира кои граѓани ќе бидат приоритетни.

Освен на овој начин, пријавувањето за вакцинирање ќе може да се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.

Надлежните институции утврдија како ќе се одвива процесот на вакцинација. Во првата група се здравствените работници и лицата над 70 години.

Првите 8.000 вакцини од компанијата „Фајзер“ кои ни ги отстапи Србија се очекува да пристигнат следните денови, а кон средина на месецов се очекуваат и 200.000 вакцини од кинеската „Синофарм“.

Во земјава треба да пристигнат и дополнителни дози од „Фајзер“ кои се обезбедени од директните преговори со компанијата, како и дози преку Ковакс системот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вакцините како и датумот за ЕУ, никако да стигнат

„Сабина, влада овде. Ќе добиеме ваксајн?: Урнебесни твитови за откажувањето на испораката на вакцини од Србија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот директор на БЈБ, Чавков од безбедносни причини префрлен во затворот во Штип

Редакција

Навреди од бугарскиот европратеник Јорданов среде македонското Собрание, пратениците го „исвиркаа„

Редакција

Дајте ни повеќе ЕУ интеграција пред полноправното членство, побара Османи на конференцијата во Рим

Редакција