еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ОКТА и Фондацијата „Чекор по Чекор“ со награда за филантропија за проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Компанијата ОКТА и Фондацијата „Чекор по Чекор“ се добитници на наградата за филантропија за 2021 година, за нивното партнерство во проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, информираат од таму.

Наградата ја доделува здружението „Хорус“, кое работи на поттикнување на поголема филантропија, општествена одговорност, култура на донирање, граѓански активизам и социјално претприемништво.

Во 2021 година, како резултат на соработката помеѓу ОКТА и Фондацијата „Чекор по Чекор“ беа изградени три инклузивни игралишта во основите училишта „ООУ Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром, Скопје, „ООУ Кочо Рацин“ во општина Дојран и „ООУ Браќа Миладиновци“ во општина Струга.

Партнерството беше остварено како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија, кој има за цел поголема инклузивност на учениците со попреченост во основното образование во земјава, преку создавање на услови за попристапна инфраструктура.

„Во рамки на стратегија за општествена одговорност на ОКТА, секогаш се трудиме да изградиме цврсти партнерства и да бидеме дел од проекти кои значајно придонесуваат кон унапредување на заедницата. Оваа награда за нас претставува значајна потврда на нашата заложба за подобрување на условите во образованото и поголема инклузија на децата со атипичен развој.

Се надевамe дека овој проект ќе биде инспирација и за другите компании и организации да се вклучат и да дадат поддршка, бидејќи секое дете заслужува еднаква можност за едукација и развој“, истакна Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации на ОКТА.

Во трите училишта во кои беше реализирана оваа соработка, учат околу 3000 ученици од основно образование, а во нив настава посетуваат и 86 ученици со различни форми на попреченост. Игралиштата кои се изградија преку наградениот проект значајно придонесуваат за физичкиот развој на учениците со попреченост и нудат можности за нивна директна социјализација со децата со типичен развој.

„Фондацијата „Чекор по чекор“ повеќе од 20 години реализира активности на полето на образованието и културата и придонесува кон создавање услови секое дете да има пристап до квалитетно образование за да ги развие своите целосни потенцијали и да ги ужива своите права.

Децата, преку образованието, треба да научат да бидат емпатични и да ги почитуваат тие кои се поинакви од нив, бидејќи колку и да сме различни, сите имаме исти права и ја збогатуваме нашата заедница.

Партнерството на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ и ОКТА АД – Скопје покажува дека заеднички можеме да влијаеме во подобрувањето на условите за учениците со попреченост во основните училишта и да послужиме како пример за други компании во креирање рамноправно општество за сите.

Со вака поставени долгорочни партнерства, можеме да ја менуваме нашата средина на подобро“, изјави Сузана Киранџиска, извршна директорка на Фондацијата „Чекор по чекор“, која го спроведува проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија.

Наградата се реализира во рамки на проектот SIGN Up for Impact (SUfI), имплементиран од организациите-членки на SIGN – регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан, а финансиран од Европската Унија и Балканскиот фонд за демократија.

ОКТА и Фондацијата „Чекор по чекор“ и понатаму остануваат посветени на подобрување на условите за поголема инклузија на децата со попреченост и создавање подобри можности за нивно образование, но и нивен развој, подобра социјализација и подигнување на јавната свест за важноста на нивното прифаќање во општеството, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Младиот Марко Пејчиновски преплива 24 км на релацијата Радожда – Трпејца – Градиште

Редакција

НЛБ Банка го овозможи мобилното банкарство за корисниците на новите Huawei телефони

Редакција

Јелена Јованова во првиот македонски филмски мјузикл „Црно-Бело“

Редакција