еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) ОНА е нераскинлив дел од историјата на оваа земја, рече Ахмети на откривањето на споменикот на ОНА во Слупчане

Овој споменик не нѐ дели, овој споменик нѐ обединува, Oслободителната Народна Армија (ОНА) е нераскинлив дел од историјата на оваа земја, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети на церемонијата во липковското село Слупчане каде што се откри споменик во висина од 20 метри.

„Не може да има историја на оваа земја без ОНА, не може да има иднина оваа земја без најголемото достигнување, Охридскиот мировен договор – резултат на оваа армија. Иднината на оваа земја е Договорот од Преспа, договор кој нѐ направи членка на НАТО“, рече Ахмети.

Споменикот е откриен во чест на 2 мај, датумот на кој ДУИ го слави „Денот на мачениците на народот“. Како што соопштија локалните власти, изградбата на спомен-кулата чинела 200.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+видео) Во криза, Општина Липково потроши 200 илјади евра за споменик на УЧК

Фото: Фејсбук/Ахмети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потврдени четири нови случаи на корона вирусот во Охрид

Редакција

Еден месец откако се донесоа законските измени, нема прогрес во набавката на Трикафта, велат од Асоцијација за цистична фиброза

Редакција

(Фото) Diamond Mall ја отвори „Зоната на соништата“: Волшебно место за децата и возрасните

Редакција