Британскиот премиер Борис Џонсон во интервју за неделникот „Сан“ ја раскажа неговата битка со корона вирусот додека престојувал во болница.
Џонсон откри дека ситуацијата му била исклучително тешка, и многу малку го делело од смртта. На интензивна нега, каде што престојувал, добивал литри и литри кислород, за да преживее.
Додека тој се борел за живот, британската влада подготвила план за функционирање, доколку ја загуби битката.
Она што го одржало во живот вели, дека била желбата да го прекине страдањето на другите и да ја врати Велика Британија на нозе.
„Беше чудно да се гледа на мониторите како индикаторите постојано одат во погрешна насока. Тоа беа многу тешки моменти, нема да лажам. Цело време се прашував како ќе се извлечам од ова“, вели Џонсон во интервјуто.
Во чест на лекарите кои се бореа за неговиот живот, тој го крсти и синот, Вилфред Лори Николас. кој го доби два дена откако се врати на работа.
Николас е посвета на докторите Ник Прајс и Ник Харт, кои му го спасија животот на Џонсон минатиот месец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Џонсон