еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Опожарено возило на јавен обвинител, а пред еден месец гумите му биле исечени со нож

Вчера околу 19.00 часот, со експлозивна направа е предизвикан пожар во помошна просторија од семејна куќа на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево, информираат од Обвинителство.

„Експлозијата оштетила патничко моторно возило „сеат леон“  кое било паркирано во просторијата и е во сопственост на јавниот обвинител. Пред повеќе од еден месец, гумите на истото возило беа со нож исечени од непознато лице.

Основното јавно обвинителство Кичево со екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото на настанот. Издадени се наредби за подигање примероци од експлозивната материја која е предадена на вештачење.

Обвинителството  врши проверка и на видео-записите од камери поставени на околните објекти. Се преземаат дејствија во континуитет за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот,“ се вели во соопштението на Обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Туџаров: Проблем е кога министерот за здравство дискутира со „џанкер“ за Законот за контрола на опојните дроги

Редакција

(Видео) Зеленски со порака од улиците на Киев: Победивме тогаш, ќе победиме и сега

Редакција

Ковид-19 не ги „зарази“ гигантите од прехранбената индустрија: Значително поголеми добивки

Редакција