еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Општина Кочани почна да го исклучува јавното осветлување за да штеди струја

Општина Кочани почна со секојдневно исклучување на околу 1.200 светилки од јавното осветлување во градот и населените места за да заштеди електрична енергија. Тоа е за околу една третина од вкупниот број светлосни места поставени на улиците, парковите и другите јавни површини.

Инсталирањето штедливи ЛЕД светилки, што пред околу осум години се реализираше како замена на дотогашните живини светилки, не овозможува доволна заштеда на струјата, а поради високите цени се презема дополнителната мерка за намалување на потрошувачката.

–Заради енормно зголемената цена на електрична енергија и високите сметки, стапија на сила повеќе мерки за справување со енергетската криза. Електричната енергија, која на почетокот на 2022 година со цена од околу 100 евра за мегават час, во моментот достигна цена од околу 400 евра.

Во наредниот период јавното осветлување ќе работи со помал капацитет за 30 отсто, при што ваквото функционирање нема да претставува проблем во градот, се истакнува во писменото известување до граѓаните што го испрати Општина Кочани.

Од локалната самоуправа апелираат до граѓаните да имаат разбирање за спроведувањето на мерките за штедење, со оглед што се работи за глобална енергетска криза.

Според општинските служби, зголемената потрошувачка на електрична енергија е резултат и на тоа што до 2000 година во градот и околните населби имало 900 места за јавно осветлување, а во моментот нивниот број е зголемен на 4.500 светилки.

Фото: Општина Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ресорт Маврово со нови содржини и поевтини сезонски ски-карти

Редакција

Убава вест: Оздравени уште 5 пациенти од коронавирусот, вкупно излекувани 1.205

Редакција

Убава вест: 348 оздравени од Ковид-19

Редакција