Во врска со инцидентот на вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, на кој поради физичко насилство беше прекината седницата, денеска локалната самоуправа го осуди инцидентот помеѓу советниците. Од Општината сметаат дека тоа не доликува на избрани претставници на граѓаните.
„Советници се гласот на граѓаните, а Советот највисок претставничи орган кој треба и мора да работи во интерес на граѓаните и решавање на нивните потреби. Сметаме дека ваквото однесување е изолиран инцидент и нема да се повтори во иднина и ги повикуваме советниците да се однесуваат во духот на демократијата и почитување на различните мислења“, се вели во соопштението од Општина Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тепачка помеѓу двајца советници во Општина Охрид, седницата прекината