Сите поранешни војници на Ослободителната народна армија (ОНА), кои се жители на општина Сарај, се ослободени од комуналните давачки на ЈКП „Сарај”, во општина Сарај, одлучил денеска Советот на Општина Сарај, пишува „Тетова сот”.
Одлуката била предизборно ветување на градоначалникот Блерим Беџети.
Општина Сарај ќе формирала комисија за да ги регистрира сите поранешни војници на ОНА и ќе им ја соопштила одлуката дека се ослободени од комуналните давачки на ЈКП “Сарај”, во општина Сарај.
Ваквата одлука за ослободување на поранешни војници на ОНА од давачки за прв пат се реализира во општина Сарај, и со неа, според информацијата на порталот, се почитува „славното националното минато на Албанците во Македонија и се институционализира историското минато на локално ниво”.
Фото: Општина Сарај