еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ѓорѓе Иванов со 534.910 гласа го победи Стево Пендаровски на претходните претседателски избори

На заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски ова му е втора кандидатура за претседател. Тој на изборите во 2014 година се бореше за претседателската фотеља со Ѓорѓе Иванов.

Тогаш, Иванов освои 534.910 гласа, а Пендаровски 398.077 гласови. Сепак, треба да се земе предвид дека годинава противкандидати на Пендаровски се неговите колеги професорката Гордана Силјановска-Давкова, која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и професорот Блерим Река, кој е поддржан од Беса и Алијансата на Албанците.

Уште повеќе, мора да се има предвид дека на претходните избори, кога победи Иванов власта беше во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Денес, работите се сменети – односно на власт се СДСМ и ДУИ, кои го спроведоа процесот на преименување на државата, па сега останува да се види дали ВМРО-ДПМНЕ како опозиција со Гордана Силјановска-Давкова ќе успее да освои најголем број гласови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитерџиите му направија „крвна слика„ на Пендаровски, кандидатот на СДСМ и ДУИ за претседател

Работел за двајца претседатели: Кој е Стево Пендаровски, еден од можните кандидати за претседател на државата

Има само југо: Каков имот пријавил Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ

Силјановска, Пендаровски, Река: Професорка трка на изборите за претседател

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потрага по пари за референдум: Кои министерства трошат најмногу пари од буџетот?

Редакција

Продолжува судењето за „Рекет“

Редакција

(Фото) Голем пожар во Вејце „проголта“ куќи и штали, повредени пет лица

Редакција