Јорадан донесе одлука моментално да го повлече својот амбасадор во Израел поради нападите на Појасот Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според Јордан, тоа што се случува во Газа е “хуманитарна катастрофа без преседан“.
Своите амбасадори од Израел ги повлекоа и од Чиле и Колумбија.
Чилеанскиот претседател Габриел Бориќ, на Твитер (Х) информираше дека одлуката е донесена поради тоа што Израел „колективно ги казнува палестинските цивили во Газа“.
– Чиле силно ги осудува (израелските) воени операции, за кои сме загрижени, бидејќи тие колективно ги казнуваат палестинските цивили во Газа без фундаментално почитување на меѓународното право. Тоа го докажуваат над 8.000 убиени цивили, од кои повеќето се жени и деца, напиша тој.
Претседателот на Колумбија, Густаво Петро информираше дека неговата земја донела таква одлука поради „израелскиот масакр врз палестинските цивили“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вознемирувачки видеа од борбите помеѓу Израел и Хамас
(Видео) Израел ја срамнува Газа со земја, сателитски снимки
Фото: Израелско МО