еМагазин
Македонија

Орхан Муртезани е назначен за директор на Македонски железници-транспорт

На денешната седница Владата за директор на АД „Македонски железници – Транспорт“ го назначи портпаролот, воедно и член на Централно претседателство на Алтернатива, Орхан Муртезани.

„Орхан Муртезани, познат во јавноста како долгогодишен портпарол, е еден од основачите на Алтернатива. Роден е во Сарај, Скопје. По професија е економист, дипломирал на Економскиот факултет при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, додека постдипломските студии ги продолжил во Универзитетот „Мармара“ во Истанбул во отсекот Менаџмент и организација. Течно зборува англиски и турски јазик.

Во јавноста, исто така, е познат и како млад интелектуалец преку бројните телевизиски настапи, анализи и колумни објавени во разни списанија, весници и разни електронски платформи во земјата.“ се вели во соопштението на „Македонски железници-Транспорт“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска ќе има нова иницијатива за гласање на недоверба на Владата, најави Реџепи

Редакција

556 нови случаи на Ковид-19 од 2.953 тестирања, најмногу во Скопје 270

Редакција

Унгарски европратеник: Не би ме изненадило бегството на Груевски да е во договор со разузнавачките служби на другите земји на ЕУ и на САД

Редакција