еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи денеска треба да се појави во суд за тужба за клевата

Денеска треба да стартува судењето за министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за тужба за клевета од страна на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и претседателот на ММДЧП, Бил Николов.

Тужба за клевета има и за порталот “360 Степени”, а судењето треба да стартува во 11 часот во Основниот суд Скопје 1.

На 27 јануари 2023 година, претседателот на ММДЧП, Николов и ММДЧП поднесоа тужби за навреда и клевета пред Основниот граѓански суд Скопје, во Македонија, против Османи и “360 Степени”.

-Бујар Османи и “360 Степени” ги критикуваат сите кои ќе изразат несогласување со режимот и со американските анти-македонски политики и нивното кршење на човековите права и граѓанските слободи. Тужбите се за повреда на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

На 27 октомври 2022 година, порталот “360 Степени” објави отворено лажен, навредлив и клеветнички прилог за Македонското меѓународно движење за човекови права и за претседателот на ММДЧП, Бил Николов.

Во интервју за БТВ, на 27 октомври 2022 година, кое беше објавено на “360 Степени” на 28 октомври 2022 година, министерот за надворешни работи Бујар Османи изнесе целосно лажни, навредливи и клеветнички тврдења за ММДЧП и Бил Николов.

Османи продолжи со изнесување на целосно лажни, навредливи и клеветнички изјави и за време на неговата прес конференција на 11 ноември 2022 година.

“360 Степени” објави дека во моментов прима средства од Националната фондација за демократија (НЕД), која пак потврдува дека е во најголема мерка финансирана од американскиот Конгрес.

Порталот “360 Степени”, исто така, добивал средства од американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД), факт потврден од УСАИД, и од британската и холандската амбасада.

Режимот во Македонија беше инсталиран на власт од Соединетите Американски Држави и понатаму ја има нивната целосна поддршка, со цел со сила да ја спроведе нелегалната промена на името, како и други надворешно-политички цели на САД, велат од ММДЧП.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регулаторната комисија за енергетика им ги одзеде лиценците на “Пертинакс“ и на “Гуливер инжинериг“

Редакција

Со сослушување сведоци и очевидци продолжува судењето за „Ласкарци“

Редакција

Пристигна донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија, чиј рок истекува на 30 септември

Редакција