еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Остаревме со лажна надеж за ЕУ: Самите сме виновни ама и европјаните се за жалење

Голема разочараност може да се забележи меѓу македонските граѓани откако вчера Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не успеа да ги усогласи ставовите околу доделување датум за почеток на преговори за Македонија и за Албанија.

И покрај тоа што конечната одлука за ова прашање е оставена на европските лидери кои треба да се сретнат на самит во четврток станува јасно дека поголема е веројатноста на Македонија да и биде повторно затворена вратата пред носот, што ја оправдува разочараноста ако се земе предвид дека истото ни се случува со години наназад.

Цела деценија, нашата земја добива препораки за членство во Европката Унија, но од различни причини доделувањето датум за преговори постојано се одложува.

Во секоја приказна паричката има две страни, па така и во приказната за оваа наша европска голгота одговорноста за фијаското што се случува треба да се бара меѓу домашните политичари, но и кај нашите европски партнери.

Домашните политичари се виновни бидејќи поради задоволување на партиски и бизнис интереси постојано го силуваат правосудниот систем во државата, не воспоставуваат правни механизми кои ќе важат подеднакво за сите. Тие го користат доаѓањето на власт како нивни „пет минути“ за задоволување на алчноста и апетитите за збогатување на сметка на останатите.

Од друга страна, европските политичари буквално не знаат кај тераат во однос на иднината на Европската Унија, покажуваат немоќ да ги признаат сопствените критериуми за членство и си плукаат на дадениот збор и ветувања.

Затоа, попусти се извинувањата од Јоханес Хан и нему сличните бидејќи токму тие отворено лажеа дека нашата земја ќе добие датум за преговори.

Попусти се и криковите на домашните политичари дека Македонија дури го сменила името за да добие датум за прговори. Имено, дел од Преспанскиот договор е во тесна врска со отварањето на преговори за членство во Унијата, па кој го прочитал убаво треба да знае дека сега неговото спроведување станува невозможна мисија.

Единствено што ни преостанува сега е да почекаме евентуално чудо на престојниот самит на европските лидери во четврток.

Ако тоа не се случи треба добро да размислиме кои ќе бидат политичарите на кои ќе им ја дадеме довербата на следните избори бидејќи веќе никој трезвен човек во државата нема да гласа за партија која ќе го нуди членството во ЕУ како главен изборен адут.

Истовремено, можеме да му посакаме едно големо добредојде на евроскептицизмот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Само Крсто може да ја отвори вратата од ЕУ“: Твитер „експлодира“ чекајќи датум за преговори

„Корпа“ за Македонија од Советот на министри на ЕУ: Конечната одлука оставена на лидерите

Франција, Германија и Италија против разделување на пакетот Македонија и Албанија за преговори со ЕУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бруто надворешниот долг на Македонија достигна 8,4 милијарди евра

Редакција

За излез од Македонија повеќе не Ви треба сертификат

Редакција

Османи повторно го нападна македонскиот клуб во Благоевград, од ОМО Илинден Пирин му вратија дека е лошо информиран

Редакција