Владата најостро ги осуди нападите врз новинарите што случија за време на протестите после судските одлуки во случајот „Монструм“.
Во демократски општества, се наведува во денешното соопштение од владината прес-служба, секој има право на изразување незадоволство, но насилничките инциденти се неприфатливи и недозволиви.
„Поаѓајќи од својот јасен став за нула толеранција за ваквите инциденти, Владата укажува дека секој напад врз медиумските претставници, физички или вербален, ќе биде најостро осуден и санкциониран и дека сите институции во државата, како и обвинителството и судовите, треба да постапуваат максимално брзо и професионално за било кој напад или закана против медиумските работници“, стои во реакцијата од Владата.
Осуда стигна и од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
„Секој вид на напад на медиумските работници, без разлика дали е вербален или физички, како и секое попречување на нивната работа, претставува загрозување на слободата и правото на информирање и се апсолутно неприфатливи“, се наведува во денешното соопштение од АВМУ .
Агенцијата апелира на медиумските работници да им се овозможи слободен, непречен и безбеден пристап до сите настани, особено до оние од јавен интерес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум лица приведени, повредени седум полицајци во протестот за „Монструм“
Фото: МИА